Македонката Пепита Таневска од 2003 година живее и работи како гинеколог во Словенија. Таа смета дека епидемиолошката состојба во Македонија во моментот не е поволна и дека споредбите со Словенија се несоодветни. Таневска која возрасната генерација сигурно ја памети како поранешна лото-девојка, на својот Фејсбук профил ги коментира состојбите во Македонија и во Словенија:
“Почитувани пријатели, драги луѓе, познати и непознати… Македонија има во моментов лоша епидемиолошка слика за Covid 19… скоро сите држави кои полека се отвораат и ги либерализираат мерките, го прават тоа многу внимателно и врз основа на стручни анализи од страна на здравствените работници.
Државата Словенија во која моментално живеам и покрај најповолна епидемиолошка слика во Европа, мошне внимателно се отвора… ние навистина немавме полициски час, но немаше ни потреба.
Најголемиот дел од луѓето стриктно ги почитуваа препораките, а и сега го прават истото… насекаде во затворени простории носиме маски, автобусите се како аптеки, чисти, полупразни, означени каде може да се седи, шоферите и патниците со маски, во аптеките, банките, маркетите и другите затворени простории има ред, никако гужви, маски задолжителни… Луѓето се главно многу внимателни и одговорни… и затоа има успех.
Покажете барем сега висока колективна свест и грижа и помогнете во што побрзо решавање на проблемот… од сите вас зависи… никогаш не било полесно да се спаси државата од сега… носете маски во затворен простор, држете дистанца и мијте ги често рацете… се работи за здравјето и доброто на сите…“-напиша Таневска на својот Фејсбук профил.