НЕЗАКОНСКИ ВЕНЧАВАЛ И ГРАДЕЛ ЦРКВА НА ДИВО: Струмички поп доби забрана за работа

by Тони Зографски

Струмичкиот поп Боро Милчев доби забрана за обавување на свештеничката функција. Вака одлучи Струмичката епархија по како што вели низата недостоинствени, неодговорни и срамни постапки на свештеникот. Имено, во соопштението на епархијата се вели дека Боро Милчев своеволно и без благослов вршел неканонски венчавки по приватни домови во првата недела од Великиот пост, a влегувал и во цркви спротивно на волјата на надлежниот архиереј.

Сепак, чашата ја прелил обидот да изгради црква – дивоградба на својот приватен имот каде што има и ресторан. Општина Ново Село рече дека е покрената постапка за рушење на црквата и се чека одговор од јавното обвинителство. Инаку, свештеникот имал проблеми и со легализација на ресторанот.

Од струмичката епархија велат дека свештеникот не смее да ја извршува функцијата се додека не се покае, а тогаш ќе може да работи само во парохијата што ги опфаќа населените места Дукатино и Радичево.

Свештеникот Милчев, пак, тврди дека против него се води кампања и дека се почнало откако ги објавил дванесетте тома за македонските светители.

извор: Телма

останати вести