За само еден месец петогодишното девојче од Британија, Скарлет Робертс водеше и сеуште води две важни животни битки. Првата, против ковид-19 таа успешно ја доби.
Само една недела по првата болест, Скарлет е повторно хоспитализирано, сега поради Кавасаки синдромот кој ги напаѓа најмногу децата.
Нејзиниот татко, Пирс Робертс вели дека Скарлет од коронавирусот се заразила во училиште, но за среќа имала поблаги симптоми од кои бргу се опоравила. Сега поради Кавасаки синдромот повторно е примена на интензивна нега.
За жал, дел од нејзините органи се толку многу оштетени што лекарите и предвидувааа само 20 отсто живот од очекуваниот животен век.
Инаку, поради страшните последици од Кавасаки синдромот родителите ја споделиле фотографијата на Скарлет за да ги предупредат властите што може да се случи ако предвреме ги отворат училиштата.