Свештеник од Мичиген на оригинален начин даваше благослов во време на пандемија од коронавирус.
Отец Тим Пелц (70) ги почитуваше мерките за социјално дистанцирање, па така ги испрска верниците со света вода од пластичен пиштол.
На фотографиите, објавени на страницата на парохијата на Фејсбук, се гледа дека свештеникот носи маска за лице, визир, ракавици и библија додека ја извршува службата со верниците кои минуваат во автомобил покрај него.
Свештеникот има и пластичен пиштол во рацете, поради што стана хит на социјалните мрежи.
– Да, свештеникот Тим користи пластичен пиштол полн со света вода – објави парохијата на Фејсбук.