Филмски грабеж претпладнето пред експозитурата на Халк Банка во скопски Сарај.
Три лица маскирани со фантомки и вооружени со автоматски пушки, ограбиле 27-годишен маж, кој бил паркиран со возило пред банката, при што му била одземена торба во која имало околу два милиони денари.
„Во 11:05 часот пријавено е дека во с.Сарај, пред банка извршено е разбојништво врз Б.О. (1993) од страна на три лица, кои со автоматски пушки му одзеле пари. Откако ги одземале парите со автомобил, се упатиле кон Матка“, велат од МВР.
Полицијата трага по сторителите.