Американскиот глумец Нема Ванд кој одел во исто средно училиште со Меган Маркл, во интервју дадено во тв шоуто „Реалноста на животот со Кејт Кејси“откри дека таа често си играла со машките срца и дека сите биле за заљубени во неа.
“Јас присуствував во средно училиште за момчиња, додека училиштето за девојчиња беше она во кое отиде Меган. Јас пораснав со неа. Бевме пријатели долго време, таа е една година постара од мене. Меган беше секогаш убава, жена меѓу девојчињата. Сите беа заљубени во неа. Таа беше слатка “, рече Нема.
“Сите и се восхитуваа. Таа беше одлична пријателка и беше многу вешт „играч“. „Таа точно знаеше што прави“, вели Нема. “Таа играше маестрално со нашите срца. На една забава седеше на скутот. Ние си ги допревме носовите. За 16-годишно момче тоа беше многу емотивен момент. Тогаш на персиски ми рече “многу си убав”.
Ја прашав од каде научила персиски?, а таа одговори: “Го научив тоа за тебе.“
„Најдобриот другар од моето детство Габе беше во врска со Меган уште во средно училиште, после тоа тие беа одлични пријатели со години, а откако таа доби улога во серијата „Suits“, таа само престана да му се јавува.
И затоа актерот има порака за Меган Маркл …
“Тешко го погоди. Габе навистина го ценеше нивното пријателство. Значи, Меган, ако го видиш ова, јави му на Габе. Поправи ја таа грешка.”
https://www.instagram.com/p/B8zdNk4Jc8L/?utm_source=ig_web_button_share_sheet