Гневниот газда од Сардинија, Џан Марио Фену (59) ја уништи својата пицерија затоа што сфатил дека ќе падне во уште поголеми долгови ако ја отвори по два месеци карантин во Италија, отколку сосема да ја затвори.
Тој во видеото што го објави на Фејсбук извикува дека коронавирусот е виновен за кризата.
Во видеото се гледа како тој ја крши внатрешноста на пицеријата ,,Фанатик” со токмак, иако цели 30 години работел успешно.
„Не можам да ја отворам пицеријата, ти благодарам, Ковиде“, извикува изнервираниот газда.
„Не се лутам никому. Едноставно не можев да се справам со трошоците поради короната и одлучив сè да уништам, искоментирал тој.
Како што пренесуваат локалните медиуми, Џиано има уште еден угостителски објект.
„Не се грижете, нема и него да го уништам. Можеби сега повеќе ќе се посветам на подготовките за светското првенство за пица мајстори на кое учествував претходните години и освојував награди“, заклучил Џиано.
TG CAGLIARI ONLINE – Pizzaiolo sardo distrugge a picconate il suo locale: “Grazie per avermi affossato, Coronavirus”. La rabbia e la disperazione di Gian Mario Fenu, per tutti “Ciondolo”, famosissimo pizzaiolo 59enne di Ploaghe: “La chiusura di due mesi è stata la mazzata finale, troppe spese: non ho nemmeno fatto i conti di quanti tavolini avrei perso, spero che il Governo mi dia almeno i 25mila euro”. IL VIDEO
Posted by Casteddu Online – Cagliari Online on Tuesday, May 12, 2020