Руската глумица Аглаја Тарасова која беше во врска со познатиот српски актер, Милош Биковиќ, откри дека Милош и нејзината мајка се запознале во кревет.
Тој се забавувал со убавата Русинка од 2016 до 2018 година, а во тој период се снимаше филмот „Митови“. И ништо не ќе беше необично ако не му се паднеше секс сцена со мајката на Аглаја, Ксенија Рапопорт (46), која исто така е актерка и која во филмот ја играла улогата на негова љубовница.
– Милош и ја долго се забавуваме и во еден момент беше логично на мајка ми да го претставам дечкото. Милош и јас се договаравме и смислувавме начин како тоа најдобро да го изведеме. Никако не успеавме да зграбиме некоја добра прилика за тоа нивно запознавање. Но, случајно, Милош токму во тоа време доби улога во филмот “Митови”, а тука играше и мајка ми Ксенија Рапапорт –раскажала убава актерика и додала:
– Се шокирав кога Милош дојде и ми кажа дека од сите актерки во филмот баш мајка ми ја игра неговата љубовница и дека со неа ќе има врела сцена! Редовно одев на снимање на “Митови”, ама тој ден кога се снимаше сцената на жестокиот секс меѓу дечко ми и мајка ми не смеев да се појавам. Останав сама дома, седев, гледав во една точка и размислував: „Боже, што ти е живот…„
Љубовната сцена на Милош и Ксенија се игра во театар и тоа среде претстава. Во моментот додека, според сценариото, Милош седи во ложа, мајката на девојка му стигнува кај него, веднаш почнува да се соблекува и тие двајцата водат љубов.
Милош не сакал да зборува на таа тема, но открил дека мајката на неговата бивша ја запознал на многу несекојдневен начин.
Инаку, пред една недала, во интервју за “Бекстејџ“, српскиот глумец откри дека има македонски корени, односно, неговиот дедо потекнува од Берово.