Мадона (61) на Инстаграм објави фотографија од нејзината позадина и ги шокираше своите следбениците.
Имено, таа објави две фотографии на кои е во црна долна облека од тантела, а на едната се гледа нејзиниот задник.
Она што може да забележи е дека нејзиниот задник е значително поголем отколку порано и дека има необична форма, а за објавата таа во описот напиша:
– Конечно ќе почнам со терапија. Би скокала горе-долу од среќа, ако можам после осум месеци без болка. Посакајте ми среќа – напиша Мадона.
„Овие се најлошите импланти на задник што сум ги видел досега“,„Што е ова? Застрашувачко“, „Твојот задник ме исплаши“, „Не сме виделе ништо полошо од ова“,беа само некои од коментарите на нејзините следбеници на Инстаграм.
Инаку, Мадона неодамна на Инстаграм објави видео во кое вели дека неодамна ја прележала короната додека била на турнеја.
https://www.instagram.com/p/BsFI5mwFKfO/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_video_watch_again