914
Приватен автобус за јавен превоз се запали изутринава на автобуското стојалиште под Железничката станица во Скопје. Автобусот го гасат десеттина пожаникари со две возила.
Командирот на пожарникарската чета Борче Менковски за изјави дека автобусот се запалил додека бил паркиран на стојалиштето и во него немало патници.
Нема повредени лица. Според првичните сознанија, причината за запалувањето најверојатно е проблем со електриката на автобусот.
фото: МИА
