Гостувајќи во популарната емисија „Лејт шоу“, основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, најави дека светот ќе се соочи повторно со нова пандемија, слична како коронавирусот во 2025 година.
„Според мене светот ќе се соочи со „пандемија 2“. Тоа ќе биде еден вид на терористички напад. Според моите проценки, тоа ќе се случи за пет години“, изјавил Гејтс во интервјуто го кое направиле преку „Скајп“.
Откако се повлече од Мајкрософт, Гејтс се вклучи во хуманитарна работа, а во 2000 година тој и неговата сопруга Мелинда основаа фондација посветена на вакцинирање на децата во региони каде што детска парализа сè уште не е искоренета.
Гејтс, чија фондација е ангажирана во пронаоѓање на вакцина против коронавирусот, се осврна и на тековната пандемија:
– Поради вирусот корона, ќе живееме вака до лето. Но, дотогаш, ќе ни треба чудо. Ефектот на вакцината можеме да го видиме дури подоцна. Се плашам дека вистинската придобивка може да се види дури за две години – во лето. Никој не победува туку сите губиме.