Најстарата жена во Шпанија, 113-годишната Марија Брањас се опорави од инфекција со коронавирусот, соопшти домот за стари лица, каде што живее. Нејзе и бил дијагностициран коронавирус во април и останала во нејзината соба во самоизолација, пишува ДВ.
„Таа преживеа и се опоравува“, рече портпаролката на Домот за стари лица .
„Сега се чувствува добро. Таа направи тест минатата недела и беше негативен на коронавирус.“, додаде таа.
Во видеото прикажано на шпанскиот канал ТВ3, Брањас изјави дека сега е среќна што е здрава и го опиша персоналот во домот како „многу љубезен и многу внимателен“.
Инаку, Марија Брањас не е единствениот стогодишник што го победи коронавирусот. Минатиот месец, 106-годишната Кони Титич беше отпуштена од болница во Велика Британија, откако ја надмина инфекцијата.