Вработена во британски железници почина од коронавирус, откако на неа плукнало непознато лице додека работела на станицата Викторија во Лондон, соопшти Здружението за вработени во сообраќајот (ТССА).
Бели Муџинга (47) и нејзината колешка биле на работа на 22 март кога непознато лице плукнало во нив и намерно им кашлало. Непознатиот сторител потоа рекол дека е заразен со коронавирус. Муџинга почина две недели подоцна, на 5 април.
Британската сообраќајна полиција објави дека започнала истрага за инцидентот, пишува Си-Ен-Ен.
„Бели и нејзината колешка го молеа раководството да го поминат остатокот од денот во објектот зад заштитната бариера. Раководството им рече дека им требаат луѓе кои работат надвор и ги испрати назад до крајот на смената“, се вели во соопштението на ТСАА.
Здружението на вработени во сообраќајот соопшти дека Муџинга страдала од хронични респираторни проблеми поради што претходно и била извршена операција. Од таму додаваат дека раководството било свесно за нејзината здравствена состојба и дека, дури и по инцидентот, Муџинга продолжила да работи до 25 март, кога нејзиниот доктор рекол дека мора да оди на боледување.
Муџинга и нејзината колешка се заразиле со ковид-19 многу брзо по нападот, или 11 дена по инцидентот. Муџинга била пренесен во болницата Барнет и сместена на респиратор.
TSSA го пријави инцидентот до регулаторните органи.
„Наместо да зборуваме за олеснителни мерки и да се вратиме на работа, владата прво мора да обезбеди дека се воспоставени соодветните мерки на претпазливост и мерки за заштита на вработените“, велат од ТСАА.