Група затвореници во затворот во Калифорнија се фатени на безбедносните камери како намерно се инфицираат со коронавирусот со цел порано да бидат пуштени на слобода.
Изненадниот пораст на Ковид-19 случаи во затворот во средината на април бил без објаснување, се до сега, пренесува Дејли мејл.
Шерифот на округот Лос Анџелес, Алекс Виланова во понеделник соопштил дека 21 затвореник успешно се заразиле еден со друг со вирусот. Затворениците пиеле топла вода од една часа и дишеле во една иста маска
На шокантната снимка од безбедносните камери од 25 април од дневната соба во затворот се гледа како затвореник зема голтка од чашата, а потоа ја додава на следниот затвореник.
– Со помош на топла вода пробувале лажно да ги зголемат температурните читања за да создадат симптом за Ковид-19, рекол Виланова.
Тие се гледа како делат чаша и се групираат на едно место, наместо да практикуваат социјално дистанцирање.
– Меѓу нив постои лажно верување дека, доколку бидат позитивни, ќе бидат пуштени од затворот, а тоа нема да се случи, додал шерифот.
Тој рекол дека 21 маж од блокот со 50 луѓе се инфицирани со вирусот, не нема да им биде дозволено вирусот да го однесат дома како што се надевале.