Во Кина може да се појават нови жаришта на Ковид-19, бидејќи не може да се контролира пренесувањет на коронавирус, пренесува рускиот експерт за кинеска медицина, Машалах Мехтијев.
Експертот истакнал дека короната е „многу жилава“ инфекција и може да остане на различни површини долго време, што исто така го зголемува ризикот од нови случаи на заболување.
Во исто време, Мехтиев е убеден дека кинеските власти нема да дозволат уште еден бран на коронавирусот.
„Кина има најсовршен систем за набљудување на движењето на граѓаните за време на епидемијата: личните QR-кодови ја покажуваат локацијата на движењето последните две недели. Ласерските термички термометри стојат на влезовите во метрото“, посочи тој.
Во јавните институции во Кина, на посетителите им се мери нивната температура, се запишува времето на влегување, се земаат лични податоци, а само нивните сопственици можат да влезат во станбени згради, додава лекарот. Според него, Кинезите се одговорни согласно прописите што овозможуваат запирање на ширењето на вирусот. Мехтиев истакна дека мерките што ги презема Кина овозможуваат да се утврди движењето на сите заразени лица за кратко време и итно да се започне со третманот.
Притоа, експертот наведува дека проблемот може да се појави во случај на мутација на новиот коронавирус.
„Нова епидемија е можна ако вирусот мутира. Може да стане сезонски и помалку смртоносен”, смета експертот.