Битолскиот музичар Пеце Петровски (29) во саботата навечер бил прободен со нож во пределот на раката од страна на негов сосед, бидејќи му пречела музиката за време на онлајн концертот кој Петровски го пренесувал на социјалните мрежи.
„Ви Благодарам на сите што синоќа го пратевте нашиот Fb Live концерт посветен на малиот Лука. Се одјавивме порано и без најава бидејќи бев нападнат од сосед од соседна зграда со нож и имам телесна повредa на раката .Му Благодарам на Бог што поминав со толку. Ние тука не застануваме и продолжуваме и понатаму за малиот Лука.Поздрав и секое добро.Со Почит Пеце и другарите.“, напиша Петровски на својот профил на „Фејсбук“.
За инцидентот се огласија и од МВР.
„На 10.05.2020, П.П. од Битола пријави дека на улица „Свети Наум“ во Битола, поради недоразбирања околу гласна музика, бил повреден со остар предмет во пределот на левото рамо од страна на едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.“, се вели во соопштението од МВР.