Овој пат српскиот тенисер разговарал во живо преку социјалните мрежи со иранскиот нутриционист Шервин Џафаријех, кој произведува органска храна, засега некомпатибилна со американските закони.
– Внатрешната поврзаност е навистина да бидеш присутен и свесен во моментите кога пиеш вода.
– Сум видел и познавам луѓе кои со енергетска трансформација, со помош на молитви и благодарност, успеваа и најотровната храна и најзагадената вода да ја претворат во лековита вода.
– Водата реагира и научниците докажале дека молекулите на водата реагираат на нашите емоции, на она што се говори. Секој ден треба да седиме на маса без камери и телефони или уште полошо, да разговараме нервозно со нашите најблиски за време на оброкот, – рече Ѓоковиќ што предизвика бура од коментари.
Меѓу најострите беше поранешната тенисерка Мери Кариљо, која смета дека зборовите кои првиот рекет во светот ги изнесува се многу опасни.
„Знам дека верува во медитација и во зборот на молитвата. Не му се допадна фактот дека мораше да оди на операција на лактот и ја одлагаше бидејќи беше убеден дека може да го излечи своето тело на поинакви начини. Она што тој го изјави многу ме вознемири. Ѓоковиќ и другиот човек рекоа дека отровната вода може да се претвори во вода за пиење. Ова се опасни работи што ги виделе многу луѓе, тој ќе мора да ги повлече своите зборови“, рече Кариљо.