-Тестовите последните денови покажуваат намалување на бројот на заболени од Ковид 19, според кои околу пет отсто од тестираните се позитивни, поради што може од наредната недела да се размислува за олабавување на мерките – соопшти министерстерот за здравство, Венко Филипче кој соопшти дека Комисијата за заразни болести ќе предложи полицискиот час почнува од 19 часот и трае до 5 утрината.
Филипче за литиите во Струга каде имаше масовен собир на граѓани без почитување на мерките рече дека преставува непочитување на здравствени работници и на сите други кои два ипол месеци пожртвувано работат за да се излезе од кризата.
– Ова е непочитување за граѓаните кои се придржуваа до мерките, повикуваме на граѓанска солидарност во интерес на индивидуалното и колективно здравје, рече Филипче.