Луис Падрон (25) од Буенос Аирес е опседнат со светот на самовили, ангели и фантазмагорични суштества, поради што до сега потрошил 30.000 евра на пластични операции за даизгледа како вистинска самовила.
Луис не крие дека бил злоставуван како дете па за време на пубертетот сакала да избега од сопствената кожа поради што започнал да ја избелува својата коса и кожа.
Ритуалите станале толку многубројни и захтевни што месечно денес троши околу 5.000 евра само на одржување на својот изглед.
Ова момче напомнува дека не му е грижа што другите мислат за него, затоа што навикнал луѓето чудно да го набљудуваат уште од тинејџерските денови.
Не сакам да изгледам како човечко суштество, сакам да бидам бесмртен, вечер. Имам свој идеал на убавина и нема да запрам додека не го остварам. Себе се сметам за транс-вид – рекол тој.
Луис за Дејли Мејл објаснил дека својата трансформација ја започнал уште во детството и дека поради светлата коса и различното облекување често бил мета на силеџии во училиште. Но, според неговите зборови, баш поради упорноста, подоцна станал мета на фановите на самовили, што дополнително го охрабрило да продолжи во својата намера.
Она што неговиот изглед најмногу го променило се пластичните операции, липосукција на вилица, операција на нос, отстранување на сите влакни од телото, како и промена на бојата на очите.
Со оглед дека и натмау не е задоволен со својот изглед, планира да вгради импланти во ушите кои би биле шилести како кај самовилите, израстокот на коса да го надогради во облик на срце како и да ја зголеми висинатана телото за да би бил висок два метри.