Почина 41-годишниот Исмет Хаџиу, кој беше единствениот пациент во Македонија со целосно вештачко срце. Тој почина откако една недела бил во кома во приватната болница „Жан Митрев“, каде што пред 14 месеци неговото срце му беше заменето со пластично, пренесува Нова ТВ.
Тој беше единствениот преживен пациент со ТАХ, од вкупно тројца, на кого беше направена оваа сложена операција, тука во државата.
Живееше приклучен на батерии или струја, со придружна опрема тешка 7 килограми и чекаше да се отвори можност за трансплантација на срце. Иако знаеше дека рокот на траење на ваквото вештачко срце, кое е преодна форма до трансплантација е шест месеци.