Претходно, Тања објави дека нејзината мајка Невенка Кочовска, која боледува од Алцхајмер, утрината излегла околу 9 и 30 и сѐ уште не била вратена, па загрижена, таа побара помош на социјалните мрежи. Нејзиниот апел веднаш беше споделен повеќе пати.
Инаку, Невена Кочовска заедно со нејзиниот сопруг Панче беа дел од легендарната група “Мањифико“.