Интересни се предлозите за свадбените веселби во неформалниот предлог-правилник за начинот на работа на угостителските објекти циркулира меѓу кафанџиите, кои ќе треба да го одобрат и да го пратат до Влада на разгледување, а го објавува „Прес 24“.
На гостите ќе им се врши дезинфекција на рацете на секој половина час од страна на келнерите под надзор на одговорно лице.
Оро ќе се игра во кордони.
“Просторот за играње да се ограничи (кордони и слично) и да има еден влез и излез. Секој гостин кој ќе излезе од тој простор да изврши дезинфекција на рацете.
Невестинската торта ќе се подели без гостите да се соберат на главната маса, а бидермаерот да биде дезинфициран и да се додели по принцип на лотарија, односно со влечење број.
Истиот принцип за играње, во кордони би требало да се спроведе и во ноќните клубови и дискотеките, со таа разлика што подиумот за играње ќе треба да биде мапиран за полесно држење растојание.
Повеќе на „Прес 24“