Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) соопшти дека е потребно да се ограничи движењето на ранливите категории дури и кога ќе биде укината мерката за изолација.
– Постојат различни групи кои коронавирусот повеќе ги погодува и кај кои постои поголема веројатност дека ќе починат. Значи, кога зборуваме за укинување на рестриктивните мерки или дури за туризмот, ние исто така зборуваме дека луѓето кои се под поголем ризик не би требало да патуваат додека вирусот е уште тука – рече д-р Андреа Амон, директор на ЕЦДЦ.
Разни фактори влијаат на тежината на клиничката слика на лицата заразени со Ковид-19, но Европскиот центар за превенција и контрола на болести ги класифицира сите постари од 70 години и оние кои имаат хронични болести како хипертензија, дијабетес, срцеви болести и рак во групата на најранливи.
Се напоменува дека „мажите во овие групи се изложени на поголем ризик од жените“.
Забелешките на ЕЦДЦ следуваа кога претставниците на туризмот ги притискаа земјите од ЕУ да ги ублажат забраните за патувања воведени за борба против вирусот.
Фриц Јоусен, генерален директор на компанијата ТУИ, рече дека „во Германија и во Европа, патувањата и одморите имаат големо значење за луѓето“.
– Сега мораме добро да излеземе од кризата. На туризмот во Европа му треба јасна перспектива, изјави Јоусен додаде дека би требало да се дозволи отворање на оние земји кои „добро напредувале“ во борбата против вируост и дека скаат туристите да се вратат, вклучително во Грција, Кипар, Португалија, Австрија, Балеарските острови и Бугарија.