Српскиот доктор Бранимир Несторовиќ кој на почетокот на пандемијата тврдеше дека кореонавирусот не е опасен и треба слободно да се движиме, а потоа откри дека тоа го изјавил само за да не се крева паника, повторно ја шокираше јавноста во регионот. Несторовиќ сега тврди дека половина од оние што се на респиратор ќе умрат и според него, треба сите да се заразиме.
„Јас сум поддржувач да се отворат училиштата. Вирусот сè уште циркулира и јас сум за тоа сите да се заразат, а старите да се држат во изолација до 15 јуни. Не мислам дека после 15 јуни ќе го има вирусот. Епидемијата има своја динамика. Сега сме во фаза како што бевме во декември со грип. Јас се залагав уште порано за опуштање на мерките, но другите не се согласуваа. Мислам дека треба сите да се заразиме бидејќи вирусот е слаб.“ изјави Несторовиќ и додаде дека не верува во вториот бран на пандемијата бидејќи вирусот ќе слабее.
„Вирусот е производ на лабораторија и многу истражувачи го тврдат тоа, но тие веруваат дека тој не бил пуштен намерно, туку дека избегал“.