43-годишната мајка на три деца Белинда Нортон од Австралија, преку нејзиниот Инстаграм профил откри неверојатна трансформација на телото, а нејзините следбеници тврдат дека изгледа подобро во 40-те, отколку во 20-те години.
Белинда Нортон напорно работела за да изгледа вака како што изгледа. Оваа вредна жена секојдневно излегува на прошетка која трае 30-на минути и се труди да има што поздрава и порамномерна исхрана. Намирниците кои содржат конзерванси се забранети на нејзината листа.
„27 години во однос на 43 години – што се променило? Многу! Многу работи во однос на друштвото, во човечките односи, во медиумите и во мене“, напишала Белинда под фотографијата на која совршено се гледа нејзината линија.
Белинда потоа напишала листа со промените кои ги направила во своите доцни 20-ти години.
„Само 5 работи променив“
– Секое утро прошетка или трчање, околу половина час, во зависност од нивото на хормони. Тоа ми дава огромна енергија.
– Консумирање само квалитетна храна која не содржи конзерванси.
– Брз тренинг – 4 сесии неделно.
– Правилно држење на телото.
– Позитивен поглед на мојата способност и телото. Запирање на негативните мисли.
https://www.instagram.com/p/B83OqStpWPF/?utm_source=ig_web_button_share_sheet