Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис се надева дека летната сезона ќе се отвори на 1-ви јули.
„ Работиме во таа насока, се подготвуваме за тоа, но секако тоа е поврзано и авионските компании, бидејќи повеќето луѓе доаѓаат авионски во Грција, но поврзано е и со строги и применливи протоколи“, вели Мицотакис.
Тој верува дека уште поголем удар на туристичкиот сектор на Грција би било ако летната сезона воопшто не се отвори. Меѓутоа, Мицотакис е оптимистичен и тврди дека ова ќе биде поинакво лето, но се надева дека најлошото поминало.
“Тоа што го сметам за поука од целата криза е чувството за колективен успех, но и гордоста. Грците не биле горди долго време. Последните 10 години бевме европска вреќа за удирање”,.
Инаку, по кризата со коронавирусот речиси е сигурно дека пандемијата ќе ги поскапи аранжманите во Грција. Се предвидува дека земјата ќе изгуби милиони евра во туризмот, со оглед на тоа дека летувалиштата во Грција се затворени за гости, а неизвесно е кога ќе добијат дозвола да отворат и под кои услови. Поголемиот број хотели се пред затворање поради новите регулативи што ги донесе грчката влада.
Заклучоците од истражувањето на Грчаката комора на хотели укажуваат дека 65% од хотелиерите одговориле дека најверојатно ќе банкротираат, додека 18,3% рекле дека „има веројатност“ да банкротираат.