-Очигледно е дека епидемијата стивнува. Сакаме да го видиме бројот на пациенти па да кажеме кога ќе имаме скратување на полицијскиот час. Направени се протоколите за функција на угостителските објекти. Доставени се протоколите до економските субјекти кои веќе се изјаснија за своите мислења кои се разгледуваат. Се очекува до крајот на неделава од почетокот на следната недела тие ќе можат да се применуваат. По препораките ќе почнат со работа оние кои ќе организираат шалтерски систем, и оние кои ќе можат да почнат со приемна на протоколите на отворен и на затворен простор, верувам дека во периодот кој следи и до крајот на годината се додека не излезе вакцината ние ќе се придржуваме ќе имаме ново светоттројство- носење маска, одржување на дистанца од метар и пол или два и задолжителна дезинфекција на рацете – изјави министерот за здравство Венко Филипче на денешниот прес.
– Во изминативе два месеци ниедна одлука не е донесена под политички притисок или за политички интерес. И така и ќе остане. Кога и да се одржат изборите ќе мора да се изработи протокол за спроведување од Комисијата за заразни болести – рече Филипче.