Налутен италијански дизајнер ја запали целата колекција скапоцени венчаници (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Модниот дизајнер и сопственик на познатата модна куќа Diamond Couture, специјализирана за венчаници и облека за забави, Пјетро Демита, ја запали својата скапа колекција на венчаници за сезоната пролет – лето 2020 година.
Работата на неколку стотици вработени, фустани изработени од скапи материјали, уникатни модели со ракотворби, сите исчезнаа во пламен и чад

„Нарачките се откажани, нема свадби, нема забави, колекцијата ја нема и со неа иднината на соработниците, структурите, нашите соништа“, вели тој, додавајќи дека во име на сите модни компании специјализирани за свадби, тој испраќа порака и протест до државата целосно да се игнорира модата, овој исклучително важен продуктивен дел од Италија.

Во име на сите вработени во мојата категорија, но и во име на сите претприемачи кои се дел од модниот сектор, кои се многу и кои ризикуваат буквално да пропаднат, се надевам дека овој гест ќе стигне до оние кои одлучуваат за нашите животи, затоа што е незамисливо да се снема работа, да застанеме беспомошно на страна без јасна причина и без поддршка “, рече модниот дизајнер Демита.

Пролетта и почетокот на летото се традиционални свадбени времиња за Италијанците. Дури и сиромашните семејства собираат со години пари свадбите да ги претворат во незаборавен настан, а не е невообичаено родителите да подигаат заеми, па дури и младенците да влегуваат во брак веќе задолжен за парите потрошени на свадбата, затоа што е важно свадбата да биде што е можно поголема, поубава, скапа.

останати вести