ПОЈАДУВА ЈАЈЦА СО СЛАНИНА: Тајната на совршениот изглед на Џенифер Лопез (ФОТО)

by Тони Зографски

Многумини се интересираат како 50-годишната латино дива Џенифер Лопез ја одржува линијата.  Освен спортската активност, секако дел од заслугата има и правилната и урамнотежена исхрана. Нејзиот сега веќе поранешен готвач Келвин Фернандез, кој за неа работеше полни 2 години, откри како Џенифер и нејзиниот свршеник Алекс Родригез се хранат и што се се наоѓа во нивната кујна.

„Дома секогаш ќе пронајдете минерална вода, многу овошје и зеленчук, особено јагоди. Иако Џеј Ло не е претеран љубител на овошјето, децата го обожаваат. Алекс обожава денот да го започне со свеж зелен напиток од многу зеленчук“, изјавил готвачот.

Кога станува збор за појадокот, во куќата Родригез-Лопез тој е неизбежен.

„Најчесто појадуваат јајца, а и сланината е неизбежен дел од тој оброк. Понекогаш се одлучуваат за пилешко или колбасици, но секогаш има јајца и тоа им е особено важно. Тие се тим кој многу добро знае што и кога ќе јаде, затоа им се богати залихите“, изјавил и додал:

„За нив во кујната секогаш има многу јајца, здрави грицки, а за децата и понекое слатко“.

останати вести