Кошаркарската легенда на Лејкерс, Коби Брајант и неговата ќерка Џиџи заедно со уште седумина трагично ги загубија своите животи во хеликоптерската несреќа во Калифорнија.
Да не беше фаталниот 26-ти јануари, ќерката на Коби, Џиџ Брајант, денес би наполнила 14 години.
Нејзината мајка Ванеса на емотивен начин на социјалните мрежи и го честиташе роденденот на својата Џиџи.
“Среќен 14. роденден моја слатка Џиџи. Мама секогаш ќе те сака повеќе од тоа што го покажува. Ти си дел од мојата душа засекогаш. Ми недостигаш премногу секој ден. Да само можев да те разбудам и да те имам овде крај себе. Ми недостига твојата насмевка, твојата прегратка. Ми недостига се поврзано со тебе. Те сакам многу“, напиша Ванеса на Инстаграм.
https://www.instagram.com/p/B_psEN4jWPc/