Ширењето на коронавирусот ќе трае уште 18 до 24 месеци, се додека не се зарази 60 до 70 проценти од светската популација, велат експертите за инфективни болести во извештај во кој имале увид од Си-Ен-Ен.
Експертите препорачуваат САД да се подготват за најлошото сценарио кое вклучува втор бран пандемија наесен или во зимата оваа година, со предупредување дека вируленцијата нема да падне значително, и дека луѓе ќе ги губат животите од Ковид-19.
„Оваа работа нема да запре сè додека не бидат заразени 60 до 70 отсто од популацијата“ – изјавил Мајк Остерхом кој што е лидер во Центарот за истражување на заразни болести при Универзитетот во Минесота.
Ковид-19 е нов вирус и никој не развил имунитет, па пандемијата ќе трае до две години се додека не се развие колективен имунитет кај луѓето низ целиот свет, тврдат американски експерти.
„Должината на пандемијата ќе трае најверојатно од 18 до 24 месеци, затоа што имунитетот се гради постепено кај луѓето“ – се наведува во истражувањето.
Тие исто така навеле дека епидемијата Ковид-19 е најслична на сезонскиот грип, но дека истата се шири многу побрзо и полесно.