Мајка од Охајо, која се породи додека беше на респиратор, го победи коронавирусот. Меган Сајтс (27) била бремена во седмиот месец со своето второ дете кога итно била префрлена во болницата на први април, бидејќи имала тешкотии во дишењето, пренесува „Дејли мејл“.
Со тестирањето бил откриен коронавирус во нејзините бели дробови и била ставена на респиратор во будна состојба. Таа рекла дека можела да ја почувствува цевката како влегува во душникот.
Подоцна била пренесена во друга болница, во Дејтон, а бидејќи накратко се подобрила нејзината состојба, лекарите ја тргнале од респираторот. Но тогаш дошло до нагло влошување.
– За 48 часа, мојата состојба потполно се влоши. Имав моменти на нервен слом. Си реков, да тоа е тоа и нема да успеам. Целото тело ме болеше, дишењето беше болно, дишењето, движењата, кашлањето, буквално се – навела Меган.
Од болничкиот персонал побарала повторно да ја стават на респиратор, но овој пат да ја успијат. Лекарите на осми април му кажале на нејзиниот сопруг дека респираторот би можел да помогне Меган да ја истурка бременоста до 30тата недела. Но, по 20 минути откако му го кажале тоа, го повикале да му соопштат дека белите дробови на Меган откажуваат и дека следниот ден мора да ја породат за да ја спасат.
Ја ставиле во процедура за вонтелесно одржување на живот, така наречено екстракорпорална мембранска оксигенација (ECMO ), што, како што вели анестезиологот, др Сузан Бенет “скоро последно средство”. Тоа значи дека е ставена на машина која привремено ги заменува нејзиното срце и бели дробови.
“Мирор” пишува дека болницата „ Хелт“ никогаш не ставиле трудница на ECMO машина, но дека Меган била добар кандидат.
Меган, заедно со апаратот со хелихоптер била превезена во болницата „ Мајами Вели“ во Дејтон, каде и направиле царски рез, а била 29 недели и шест дена бремена. Родила син, кој е сместен на оделението за неонатална интензивна нега.
Кога Меган се разбудила не се сеќавала на породувањето на ништо .
– Имав многу халуцинации а и на самиот третман ЕСМО не се сеќавам– рекла таа.
После 10 дена Меган конечно можела да се запознае со синчето Џејмсон,кој и понатаму е во болница. Лекарите велат дека бебето е здраво, дека нема знаци на инфекција од корона вирус и дека ќе го пуштат дома по 4-5 недели.