“Веќе се изготвени протоколи за функционирање на други сегменти, јавни институции, јавен превоз, фабрики и други. Следната недела по официјализирање на одлуките ќе бидат објавени во јавноста. На овој начин се подготвуваме за попуштање на мерките и враќање на животот во нормала, но со задолжителните мерки за претпазливост. Да не се олабуваме“ изјави министерот Венко Филипче и додаде:
“ Во однос на студиите дека вирусот ќе изчезне до 16 јуни, не сакам да коментирам. Но, во нашите дискусии, многу тешко е да се верува дека вирусот може да исчезне – рече Филипче кој информира дека денеска биле екстрахирана крв за плазма од двајца ковалесценти.