Меѓуградскиот сообраќај во Италија поради пандемијата на коронавирусот е намален на минимум, а останаа само непоходен број на празни автобуси и возови се уште сообраќаат помеѓу италијанските региони. Меѓутоа, невидливиот и несакан патник, Covid-19, се ширел низ Италија, токму преку патиштата и железничките пруги.
Ова го открива штотуку објавената студија на повеќе универзитети под водство на миланска Политехника. Студијата покажува дека вирусот, за кој веќе е откриено дека се шири преку директен контакт со човекот, а за неговото ширење по целата територија секако допринесе патувањето на луѓето. Ова е прва студија што го прикажува ширењето просторно, по терен.
Користејќи податоци од Институтот за статистика, се дошло до бројот на лица, поради работа, патуваат од дома до работното место, од еден до друг регион, а со помош на мобилните телефони можело да се конструира гео-локализација на тие лица.
Истражувањето покажува, во вид на концентрични кругови, како вирусот се ширел во најтешко погодениот регион Ломбардија, каде има и најголемо движење на луѓе поради работа и каде е најразвиена сообраќајната мрежа, па се проширил во другите региони следејќи ги на некој начин сообраќајните комуникации.
Зачудувачки е што ширењето кон регионите на бреговите на Тиренското Море било послаб затоа што, според авторите на студијата, планинскиот венец Апенини служел како бариера.
И фактот дека имало помалку заразени во јужна Италија, меѓу другото, се толкува според оваа студија, со фактот дека мрежата на патни и железнички врски на југ е многу помалку развиена.
Еден од најважните заклучоци на истражувањето е дека во фазата на либерализација на рестриктивните мерки, големо внимание мора да се посвети на движењето на луѓето.