Сите свадби кои беа закажани за оваа пролет и лето се презакажани за наесен. Матичните служби исто така ги откажуваат венчавките, а граѓански бракови склучуваат само оние двојки на кои им се брза односно кои очекуваат принова.
Причината за тоа е состојбата со пандемијата на ковид-19 и мерките кои ги воведе Владата.
„Они парови на кои им се брза поради бременост или некоја друга причина ги венчаваме во општинските матични служби, но церемонијата трае многу кратко, не повеќе од 10 минути. На венчавката можат да дојде само по еден сведок на младенците и толку. Роднини, пријатели, зурли, тапани пред матично нема. Сите носат маски и заштитни ракавици. Можам да кажам дека од 350 венчавки кои сме ги имале овој период, сега има едвај 10 месечно“, велат од Управата за водење на матични книги за СДК.
Министерот Венко Филипче вчерашната прес-конференција на прашањето дали летово ќе може да се организираат свадби кажа дека кога ќе се отворат рестораните ќе има одредени критериуми за тоа како ќе бидат наместени масите и ќе се укаже да има дистанца меѓу гостите.