Британскиот премиер Борис Џонсон и неговата вереница објавија дека станале родители на здраво момче.
Кери се породи рано утрово во болница во Лондон. Портпаролот на парот, на кој е ова прво заедничко дете, рече дека и мајката и бебето се добри, пренесе „Сан“.
-Премиерот и г-ѓа Симонс се одушевени со раѓањето на здраво момче“, рече тој, додавајќи дека парот би сакал да се заблагодари на „фантастичниот тим“ на болницата.
Инаку, Борис Џонсон од претходните бракови има уште четири деца.