Топ моделот Џиџи Хадид и музичарот Зејн Малик го очекуваат првото дете, информираат TMZ и DailyMail.
Како што пренесуваат странските медиуми, Џиџи е во 20-та недела од бременоста, но парот се уште официјално не ја потврдил информацијата.
Инаку, во една прилика Џиџи Хадид изјавила: “Мислам дека како што стареам, па, еден ден ќе сакам да започнам семејство и не знам дали секогаш ќе бидам модел.“
Претходно, 25-годишниот модел и 27-годишниот пејач неколкупати ја прекинуваа и обновуваа врската од 2015 година наваму.