Кинеското село Хуакси, сместено е во покраината Јиангсу и целосно оправдано го носи името ‘село на богаташите’. Облакодер од 72 ката, хеликоптери на небото, тематски парк и луксузни вили – вакво необично село некаде на друго место во светот сигурно не постои. Хуакси, сместено е во покраината Јиангсу и целосно оправдано го носи името ‘село на богаташите’. Облакодер од 72 ката, хеликоптери на небото, тематски парк и луксузни вили – вакво необично село некаде на друго место во светот сигурно не постои.
Секој од тамошните жители има ‘дебела’ сметка во банка и живее во луксузна вила. Всушност, сите сакаат да имаат целосно идентични вили.
Но, има и еден услов. Доколку селото го напуштат и одлучат да се преселат некаде на друго место, жителите губат сè што имаат, и секако, ја губат и вилата па остануваат на улица.
Интересно е да споменеме дека тамошните жители работат седум денови во неделата, па се поставува прашањето каде воопшто можат да ги потрошат нивните пари? Очигледно само во Хуакси.
Пред 30-на години ова село било едно од најсиромашните кинески села со популација од околу 600 жители. Но, тогаш се ‘докажал’ високиот партиски претставник Ву Ренбао и донел план со кој му овозможил просперитет на селото. Наскоро таму биле основани неколку фирми и од сиромашно селце се претворило во село на богаташи.