-Утре Владата ќе донесе одлука колку ќе трае полицискиот час за 1 Мај. Мислењето на Комисијата за заштита од заразни болести смета дека полицискиот час треба да биде продолжен, односно да трае од четврток навечер до понеделник сабајле – изјави министерот за здравство Венко Филипче на денешниот прес.
Инаку, Институтот за јавно здравје регистрира 53 оздравени од Ковид-19 и тоа во Скопје – 25, Куманово – 13, Прилеп – 5, Струга – 1, Битола – 4, Охрид – 1 и Кочани – 4. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, како што се посочува, починаа 58- годишна пациентка од тетовско Желино, примена на Клиниката на 21 април со тешка форма на болеста и 81 – годишна пациентка од Куманово, лекувана на клиниката од 15 април. Двете пациентки имале и висок крвен притисок.
Во ГОБ „8 Септември” почина 47-годишен пациент од Куманово, примен на болничко лекување на 3 април во тешка состојба и долго време приклучен на респираторна машина. Почина и 66-годишен пациент од Битола, кој во тешка општа состојба, со срцева слабост и цироза се лекуваше во Клиничката болница во градот.
Во изминатите 24 часа направени се 289 тестирања, а потврдени се 13 нови случаи со Ковид – 19.