Кога Кејти Колео (33) пристигнала во болницата, нејзиниот сопруг Џон (32) веќе бил мртов и не успеала да се збогува со него. Последните месеци од својот живот ги поминал на лекување од коронавирусот , и дури кога од болницата и биле вратени неговите работи и кога го прегледувала неговиот мобилен телефон за да ги спаси фотографиите, таа ја нашла последната порака што тој и’ ја напишал.
“Те сакам со сето мое срце и со тебе го поминав најдобриот живот што можев да го замислам. Среќен сум и горд што сум твој сопруг и татко. Кејти, ти си најубавата и најгрижлива личност што некогаш сум ја сретнал. Ти си навистина единствена. Потруди се да го проживееш животот со истата среќа и страст што ме натера да се заљубувам во тебе. Да те гледам како најдобра мајка на нашите деца е една од најдобрите работи што ми се случија“, напишал тој.
Кејти не знаела дека тој ја снимил пораката, а сигурна е дека тој ја напишал неколку недели пред да почине.
„И покрај тоа што тој се бореше цел месец, знаев дека до последната секунда тој сакаше мене и на децата да ни биде обро. Тој знаеше дека мора да ми напише нешто затоа што долго време не можевме да разговараме“, рекла таа за „Buzzfeed”.“.
Во пораката јасно и ставил до знаење дека сака после него таа, ако може,да пронајде среќа и љубов.
“Бев многу среќен. Ако најдеш некого, не се двоуми се ако знаеш дека тој ќе ве сака тебе и децата. Јас би го сакал тоа за вас. Секогаш биди среќна без оглед на се”, напишал Џон.
Двајцата се запознале додека студирале, а се венчале во 2013. година. Имаат две деца, двегодишниот Браејдан и Пени, која има само 10. месеци.
извор: Новости.рс