ВО ИСТ ДЕН БИЛЕ И КУМОВИ И МЛАДОЖЕНЦИ: Двојна венчавка под маски во време на коронавирус (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Дека љубовта не бира ни време ни место нѝ покажува и примерот од Србија.

Имено, во време на епидемија на коронавирус, во малот српско гратче Ечка се случило двојна венчавка во ист ден. Но што е најинтересно во ист ден кумовите и венчавале, а подоцна и самите се венчале.

Драган и Бисерка Јовановиќ се венчале по четиригодишна врска. Истиот ден, нешто подоцна, својата врска ја крунисале со брак и нивните кумови Мирослав и Тимеа Стојановиќ.

Нормално, сите присутни на двете венчавки носеле маски и биле на сигурно растојание, и како што рекле во шега, се повеќе подсеќало на маскенбал, отколку на свадба.

останати вести