Келнерот од Хрватска Горан Милановиќ (34) оздраве од коронавирус, односно, повеќе не е позитивен, но тој и натаму се чувствува лошо. Претпоставува дека се заразил на австриска граница, каде што чекал 6 часа кога се враќал од сезонска работа.
Штом се вратил, останал во карантин, а по четири дена му соопштиле дека е позитивен. Во текот на вечерта му се качила температурата и тешко дишел.
Пред 11 дена неговото име се најде на списокот на оние кои го победија Ковид -19.
-Не знам што да речам, формално сум здрав, но се чувствувам како нешто да не е во ред. Температурата наеднаш ми скока на 37,1, па за пола час се спушта. Немам апетит, изгубив 5 килограми, ме болат белите дробови. Се движам само до тоалет – вели Горан кој не примал никаква терапија додека бил позитивен.
-Побарав помош од матичниот лекар кој се уплаши, па само од прозор ми препиша таблети за смирување и ми даде упат да носам халтер. Ќе почекам најмалку уште три месеци да ги направам сите анализи, а што ќе биде до тогаш со мене, никој не знае – вели Горан Милановиќ.