Рускиот вирусолог и доктор на науки, Николај Малишев изјави дека потеклото на коронавирусот го смета за природно, а неговата појава токму во Кина не е никаква случајност. Угледниот руски доктор за телевизијата „Звезда“ истакна дека ваквите епидемии најчесто доаѓаат од југоистокот на Азија и тоа не е случајност.
Според неговото мислење, токму во тој регион се наоѓа широк спектар на животни кои се носители на различни вируси и истите можат да ги пренесат на човекот.
Малишев истакна дека коронавирусот може да се најде и кај лавови, тигри и пантери, иако во најголема мера сепак го има кај лилјаците.
„Во генонимите кај околу 80% од лилјаците се наоѓаат гени кои наликуваат на гените на последниот вирус кој го направи овој хаос “, изјави рускиот доктор Малишев за телевизијата „Звезда“.