“ Како во секој друг облик на човечки контакти, постои ризик на инфекција. Но, нормално дека имате право на секс за време на коронавирус – изјавил директорот на данскиот Завод за здравство, докторот Сорен Бростром, а пренесе порталот thelocal.dk.
“ Сексот е добар. Сексот е здрав. Ние сме сексуално суштества и нормално дека треба да имаме односи во ваква ситуација. Ова се однесува и до оние лица кои не се во постојана врска, тука имаат “релативен висок број на различни сексуaлни партнери“.
Инаку, во Данска животот полека се враќа во нормала, со напомена, граѓаните и натаму мораат да се придржааваат кон мерката на социјално дистанцирање која можеби ќе трае уште една година. Во понеделникот во Данска се отворени фризерските и козметичките салони, автошколите, стоматолошките ординации и слични локали.