Нултиот пацинет со Ковид 19 во Италија, Матија Маестри (38) за италијанска Република раскажа како течела неговата борба со вирусот.
-Овие два месеца беа пошокантни отколку што можев да замислам. Одеднаш се разболев, дојдов на чекор до смртта, па потоа станав од мртвите – рекол Матија.
Тој добил висока температура на 17 февруари и веднаш отишол во болница каде констатирале запаление на белите дробови, му дале антибитици и го испратиле дома. Откако за два дена состојбата му се влошила, тој е задржан во болница. Белите дробови му биле сериозно загрозени.
Никому не му било јасно што му е додека на една лекарка не и текнало да го тестира на Ковид 19, иако дотогаш во Европа немало случај на корона.
Го заспале во Кодоња, а потоа го префриле во болница во Павија каде се разбудил дури после 20 дена.
-Во кома го сонував предворјето на смртта, сега гледам сонце- го опишал пациентот своето пеколно искуство.
Во меѓувреме се открило и дека неговата бремена жена, мајка му и татко му се исто така болни. Татко му починал, а мајка му и жена му оздравеле и сега тој е татко на здраво девојче.
Сепак нејасно е кој нему му го пренел вирусот.