Главниот готвач во еден од најстарите и најелитни ресторани во Белгија, Лионел Риголет решил, да даде свој придонес во борбата со сиромаштијата која станува се поголема поради затворањето на голем број на работни места поради коронавирусот.
Тој одлучил да биде хуман и да го прави она што најмногу го знае, а тоа е да готви, а храната да им ја дели бесплатно на најсиромашната група на граѓани, односно на бездомниците.
Па така тој иако до пред само неколку недели, подготвувал храна која чинела и по 265 евра по порција, сега тој своите специјалитети им ги дели и тоа сосема бесплатно на околу 100 бездомника.
И сопругата на овој славен готвач, Лоренс Винантс која истовремено е и менаџерка на ресторанот во кој што работи, целосно го поддржува во оваа хумана дејност и помага во нејзината реализација.
– Чувствувавме дека и ние можеме да направиме нешто. Сите мислиме на здравствените работници, на болните, но што е со оние кои што немаат што да јадат и што спијат на улица – изјавила таа.