Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 21 излекуван пациент – 16 од Скопје, 3 од Куманово и 2 од Штип, сите се лекуваа во домашни услови. Со ова до денеска, бројката на излекувани пациенти во земјата изнесува 200.
Починати се тројца пациенти позитивни на ковид-19. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина една пациентка од Лабуништа на 46 годишна возраст, примена на 29 март, а подолг временски пердиод била на механичка вентилација, и еден 71 годишен пациент од Прилеп, лекуван на клиниката од 15 април.
Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Куманово на 63 годишна возраст, хоспитализирана во тешка состојба на 6 април и веднаш поставена на респираторна машина.
Во изминатите 24 часа потврдени се 18 нови случаи на коронавирус.
Пехчево-1.
Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 1.225, а последната дистрибуција по градови е:
Пехчево- 1
Во изминатото деноноќие направени се 263 теста. Преку ИЈЗ –252, преку Ветеринарен ф-тет -0, Авицена –0, Биотек –0, Филип Втори (Жан Митрев) –0 и Систина со PCR метода -11. Досега во земјата се направени вкупно 12133 тестирања на ковид -19.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, примени се 3 пациенти од Скопје, Струга и Прилеп со средно-тешка и тешка состојба. Вкупно се хоспитализирани 56, од кои 18 се на кислородна поддршка, а 3 се на механичка вентилација.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 15 нови пациенти. Суспектни пациенти кои добија негативен резултат се префрлени на други оддели, па во моментов на одделот за ковид се хоспитализирани 34 потврдени и суспектни пациенти. Со потешка клиничка слика се 9 пациенти, а 6 се на респираторна машина.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 14 пациенти потврдени и суспектни на ковид, а на домашно лекување се следат уште 15 пациенти.Во штипската болница во мометов се лекуваат 5 ковид позитивни пациенти, сите во стабилна состојба, а на домашно лекување се следат 19 пациенти.