Српскиот епидемиолог во пензија Радмило Петровиќ кој во 1972 години беше во првите борбени редови во борбата против вариола вера ја споредува тогашната состојба со денешната, со епидемијата на коронавирусот.
-Во 1972 години вирусот го откривме откако веќе беа заразени 140 луѓе. Карантинот беше воведен во неколку градови на тогашна Југославаија и траеша 30 дена. Епидемијата траеше скоро два месеца, се заразија 180 луѓе, а починаа 36 – се сеќава Петровиќ.
-Разликата помеѓу корона и вариола и тоа што втората можеше да се пренесе на секаков начин и многу бргу ширеше. Да не беше вакцината која започна да се произведува во Загреб сигурно последиците ќе беа многу потешки. Кога почна вакцинирањето никој кој немаше вакцина не смееше да излезе на улица – вели Петровиќ и додава дека не му е јасно зошто се избегнува да се истакне дека короната најчесто се пренесува преку воздухот.
-Короната најчесто се пренесува преку респираторниот систем, односно, преку капките кои се создаваат по кашлицата или кивањето. Тоа мораат сите да го знаат. Тие капки се со голема количини вирус и остануваат подолго во воздухот. Затоа мораме сите да бидеме дисциплинирани за да се заштитиме од короната. Според мене, ќе помине уште долго време додека се најде вакцина.