Медицинската сестра Џеј Шорт поради претпазливост со недели семејството го гледа на овој начин. Таа на Фејсбук објави слика за да им објасни на луѓето дека не треба да играме со коронавирусот.
„Јас сум на фронтот на пандемиска одбрана. Моето бебе е родено минатата година и се бори со респираторни инфекции уште од раѓање. Бројот на пациенти се зголемува, моите колеги се заразени и постојано сум во контакт со заразените. Поради сето ова, ова е единствениот начин како ќе го гледам моето семејство во следните неколку месеци.
Тоа е најтешката одлука што сум ја донела досега. Не сакам да ги оставам, но би било себично од мене да бидам со нив. Ми се крши срцето.
Го оставам семејството и децата за да можам да одам на работа и да се грижам за другите на кои им треба помош. Ќе го ризикувам сопствениот живот доколку е потребно, но не сакам да го загрозам семејството. Затоа ве молам и ве молам да останете дома. Само следете ги правилата и препораките. Ова не е одмор, луѓето умираат.
Немојте да ви се случи некој ваш да умре и да се прашувате дали можеби сте придонеле за тоа. Седуммина мои колеги веќе починаа. Помогнете ми. Сакам да им се вратам на моите деца, сакам да ги избањам, да ги ставам да спијат, да ги бакнам. И не можам да сторам ништо од ова сè додека не помине ова, а ќе помине ако сите ние ги почитуваме правилата. Животот ми е свртен наопаку, но се жртвувам себеси во корист на сите нас“, напиша Џеј Шорт на Фејсбук.