Мајка заразила 17 од своите 18 деца со коронавирус (ФОТО)

by Тони Зографски

Британи Џенсик од Пенфилд во државата Њујорк заразила 17 од вкупно 18 нејзини деца.

Британи во почетокот ни самата не била свесна дека е позитивна, но работите почнале да се влошуваат, бидејќи вирусот почнал да се шири кај повеќе членови во големото семејството.

Семејството било во изолација, а пријателите им носеле храна.

Среќа сите без последици успеале да го пребродат вирусот и заедно да го поминат католичкиот  Велигден.

“Ова беше поинаков Велигден што воопшто можевме да замислиме, но една работа остана иста – затоа сме благословени. Благодарност на нашите пријатели кои цел месец не потсетуваа дека никогаш не сме сами, дури и во изолација“, напишали Британи на Фејсбук.

 

останати вести